 |
 |
|
 |
Старата чаршија -фото галерија |
|
|
 |
Историјат |
|
|
 |
Знаменитости |
|
|
 |
Занаети |
|
|
 |
 |
Музеј
на стара чаршија |
|
|
 |
Автори |
|
|
 |
| |
| |
| |
| |
|
|
|
Султан-Муратова (Хјунќар) џамија |
|
|
 |
Оваа, несомнено, најстара постојна џамија на територијата на Балканот е изградена уште во 1436 година како задужбина на султан Мурат II (владеел од 1421 до 1451 година), татко на султан Мехмед Освојувач и токму поради тоа таа во народот е позната уште и како Хјунќар, односно господска или султанска џамија. Нејзината изградба значи и симболично заменување на политичката власт во Скопје.
Како што веќе спомнавме, оваа џамија била изградена на темелите на некогашниот христијански центар на Скопје, манастирот Свети Ѓорѓи Горгос (Скоропостижник) на врвот на Виргинов Рид, кој се издига источно од Бит-пазар.
Султан-Муратова џамија во својата долга историја двапати била цел на пожари: првпат во 1537 година кога и изгореле нејзиниот горен дел и минарето, по што султан Сулејман Величествениот (1520-1566) ја обновил. Џамијата настрадала и во големиот пожар во 1689 година што го подметнал австрискиот војсководител Пиколомини. По 23-годишна пауза, односно во 1712 година таа повторно е обновена, овојпат по наредба на султан Ахмед III. Последните значајни поправки на џамијата биле извршени во 1912 година. Токму поради овие многубројни поправки, не е познат нејзиниот првобитен изглед. Но, ако се земат предвид другите две џамии – задужбини на султан Мурат II – изградени во Бурса и во Измир, може да се претпостави дека и оваа нашава – скопска Хјунќар џамија – била слична на нив.
Султан-Муратова џамија е изградена од камен и од тули во брусански стил (XIII – XV век). Нејзиниот внатрешен квадратен простор има облик на трибродна базилика со рамни табаници. Поделен е со по три, во два реда поставени столбови, кои се поврзани со полукружни лакови. Џамијата, која е покриена со керамиди, има покрив на четири води.
На северозападната страна на џамијата е подигнат трем, чија покривна конструкција се потпира на четири столбови, со пластично декорирани капители, поврзани со пет аркади кои имаат шилести лакови. Како нејзин главен градител се спомнува мајсторот Хусеин од Дебар.
Султан-Муратова џамија за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година претрпе сериозни оштетувања кои подоцна беа санирани.
Во дворот на џамијата се наоѓаат две турбиња: Бикиј Хан и Али-паша од Дагестан, како и познатата скопска Саат кула, сочинувајќи со нив единствен комплекс.
|
|
|
|
|