Виртуелна мапа на Старата чаршија
Старата чаршија
-фото галерија
Историјат
Знаменитости
Занаети
Музеј
на стара чаршија
Автори
 
 
 
 
 
Саат кула
   Се наоѓа во северниот дел од дворот на Хјунќар џамија.
    Оваа градба, што патописците Евлија Челебија и Хаџи Калфа ја опишуваат во своите натписи како шестоаголна градба, чиј горен дел бил изграден од дрвена конструкција, била подигната во средината на XVI век, поточно во периодот меѓу 1566 и 1572 година. Хаџи Калфа забележал дека Скопје има една саат кула најголема од сите саат кули кај христијаните, како и дека таа ги отчукувала саатите и ден и ноќ, а звоното и се слушало на два саати надалеку.  
   Францускиот патописец Филип Дифрен-Кане, пак, во 1573 година пишува дека во Скопје има еден јавен часовник што се слушал во целиот град и кој ги отчукувал часовите на француски начин.

    Според досегашните сознанија, таа е прва саат кула подигната на територијата на тогашното Турско Царство. Треба да се напомене дека нејзиниот долен, односно ѕидан дел не бил специјално граден, туку едноставно за оваа намена била искористена една од четирите кули во составот на бедемите што го штителе манастирот Свети Ѓорѓи Скоропостижник. Нејзиниот сааатен механизам бил донесен од Унгарија, по освојувањето на градот Сигет од страна на Турците.

    И овој објект, како и Хјунќар џамија, претрпел огромни оштетувања за време на големиот пожар во 1689 година. Но, интересно е тоа што старата манастирска кула и дрвената надградба со часовникот опстојувале се до 1904 година кога саат кулата, во времето на валијата Хафиз-паша, го добила сегашниот изглед: дрвената конструкција конечно била заменета со тули и бил монтиран нов саатен механизам кој го одбројувал времето "ала турка".

    Во 1963 година за време на катастрофалниот земјотрес Саат кула претрпува сериозни оштетувања. Подоцна таа е санирана, но и до ден денес е без својот саатен механизам кој бил изгубен за време на земјотресот.
 
 
Погледнете и за...
Куршумли ан

Црква Свети Димитрија

Капан ан

Даут-пашин амам

Безистен

Скопска тврдина Кале

Камен мост

Исхак-бегова џамија

Црква Свети Спас

Мурат-пашина џамија

Саат кула

Султан-Муратова џамија

Мустафа-пашина џамија

Сули ан

Ќосе Кади џамија

Иса-бегова џамија

Чифте амам

Бит-пазар

 
Институт за Информатика
Центар за дигитализација на национално наследство
  Старата Скопска Чаршија - Мелем за душата...