Виртуелна мапа на Старата чаршија
Старата чаршија
-фото галерија
Историјат
Знаменитости
Занаети
Музеј
на стара чаршија
Автори
 
 
 
 
 
Мустафа-пашина џамија
   Источно од главната порта на некогашен Горенград, односно Калето, на убава природна тераса што се издига над Чаршијата, се наоѓа прекрасната џамија – задужбина на некогашниот заповедник на Скопје Мустафа – паша.


    Како угледна личност во Турското Царство, Мустафа - паша поседувал големи имоти во Румелија, а како везир на султан Селим I, добил и четири села во околинта на Скопје: Булачани, Црешево, Раштак и Батинци. Од натписот со арапски букви на мермерната плоча, поставена над главната влезна врата, се дознава дека овој исламски сакрален објект бил на темелите на некоја од средновековните цркви, со кои изобилувало Скопје пред доаѓањето на Турците.

    Мустафа – пашината џамија уште на прв поглед го привлекува вниманието со својата монументалност и убавина. Според стилот, таа му припаѓа на раноцариградскиот период (втора половина на XV век – почеток на XVI век). Нејзината основа претставува упростен квадратен простор, покриен со купола со пречник од 16,30 метри. Куполата е поставена на тромпи, кои се украсени со арабески; на левата страна се наоѓаат оригинали насликани уште во времето на изградбата на џамијата, а на десната уште од поново време и без некоја голема уметичка вредност.

    Внатрешноста на џамијата е скромна, но, сепак, привлечна. На југо – источниот дел на молитвениот простор се наоѓа михработ од кој оџата го чита Коранот, а десно, веднаш до него е мимбарот од кој оџата чита празнични молитви. Лево и десно од михработ во кружниот простор со арабески се напишани имињата на Мухамед и на Алах, а јужно и северно имињата на калифите: Евубекир, Омер, Осман и Али. Над влезната врата од внатрешната страна се наоѓа еден вид галерија – мехвил, наменета за служба на музеините. Објектот е ѕидан со наизменични редови клепан камен и два реда тули.

    Во џамијата се влегува преку тремот, изработен од бел мермер. Во неговиот преден дел се наоѓаат четири мермерни столбови, меѓусебно поврзани со полукружни лакови. Овој дел е покриен со три помали куполи.На северната страна се наоѓа минарето, кое смело се издига над целиот храм. Високо е 47 метри. Изградено е од клепан бигор, малку побел од оној што е употребуван за изградба на џамијата, а неговиот балкон (шефера) се потпира врз сталактитни задебелувања е изведен во мермер и украсен со орнаменти. Оградните плочи на овој дел се орнаментирани со тркалезни шестокраки розети.

    Пред влезот на џамијата има шадрван, изграден во поново време. Оваа џамија во катастрофалниот земјотрес во 1963 година не претрпе некои поголеми оштетувања, но и покрај тоа, сепак, беа извршени одредени конзерваторски зафати.

    Во овој сакрален комплекс влегува и турбето во кое е погребан ктиторот на џамијата Мустафа – паша во 1519 година.
 
 
Погледнете и за...
Куршумли ан

Црква Свети Димитрија

Капан ан

Даут-пашин амам

Безистен

Скопска тврдина Кале

Камен мост

Исхак-бегова џамија

Црква Свети Спас

Мурат-пашина џамија

Саат кула

Султан-Муратова џамија

Мустафа-пашина џамија

Сули ан

Ќосе Кади џамија

Иса-бегова џамија

Чифте амам

Бит-пазар
 
Институт за Информатика
Центар за дигитализација на национално наследство
  Старата Скопска Чаршија - Мелем за душата...