Виртуелна мапа на Старата чаршија
Старата чаршија
-фото галерија
Историјат
Знаменитости
Занаети
Музеј
на стара чаршија
Автори
 
 
 
 
 
Мурат-пашина џамија
   Мурат-пашина џамија се наоѓа, речиси, во самиот центар на Старата скопска чаршија, во непосредна близина на Чифте амам.


    Оваа џамија, како што ја гледаме денес, освен минарето, е релативно нова градба, која му припаѓа на стилот на османлискиот барок со неокласицистички исламски елементи. Таа е еднопросторно четвртеста џамија, покриена со покрив на четири води. Нејзиниот дрвен касетиран таван, заедно со махвилот, мирхабот и мимберот во внатрешноста се типични примери на османлискиот барок. Годината на нејзината изградба ја дознаваме од натписот на мермерната плоча, поставена над влезната врата. Според него, џамијата била темелно обновена во 1802 година од страна на некојси заслужен валија на Скопје. Дека и пред изградбата ан денешнава Мурат-пашина џамија, на нејзиното место постоела постара градба, покажаа сондажните истражувања, при што беа откриени елементи на подот и остатоци од ѕидовите на старата џамија.

    Мурат-пашина џамија, покрај главниот влез пред кој се наоѓа влез, има уште еден влез, кој се наоѓа на северната страна.

    Денешната џамија беше обновена пред десетина години од страна на Муфтиството на Скопје кое, во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата, успешно ги заврши реставраторско-конзерваторските работи.
 
 
Погледнете и...
Куршумли ан

Црква Свети Димитрија

Капан ан

Даут-пашин амам

Безистен

Скопска тврдина Кале

Камен мост

Исхак-бегова џамија

Црква Свети Спас

Мурат-пашина џамија

Саат кула

Султан-Муратова џамија

Мустафа-пашина џамија

Сули ан

Ќосе Кади џамија

Иса-бегова џамија

Чифте амам

Бит-пазар
 
Институт за Информатика
Центар за дигитализација на национално наследство
  Старата Скопска Чаршија - Мелем за душата...