 |
 |
|
 |
Старата чаршија -фото галерија |
|
|
 |
Историјат |
|
|
 |
Знаменитости |
|
|
 |
Занаети |
|
|
 |
 |
Музеј
на стара чаршија |
|
|
 |
Автори |
|
|
 |
| |
|
| |
| |
|
|
|
 |
Куршумли ан претставува највисок дострел на османлиската архитектура од профан карактер не само во нашава земја, туку и на Балканот. Тој претставува најинтересна и најзначајна градба на историски споменици во Скопје и вонредна архитектонска вредност и без да прими дополнителна функција. Се наоѓа во некогашната железарска чаршија, односно во непосредна близина на денешниот комплекс на Музеите на Македонија.
Сигурни податоци за времето на изградбата на овој објект, кој некогаш бил покриен со олово, поради што и го добил името Куршумли ан, нема, но се претпоставува дека бил изграден во петтата деценија на XVI век, односно во 1540 година, како место за одмор и сместување на патниците, трговците и караваните. Се претпоставува дека лежи на темелите на некоја постара градба, врз кои Турците го изградиле овој објект. Како што веќе спомнавме, Стојан Новаковиќ и Гедеон Јуришиќ сметаат дека Куршумли ан бил изграден во XVI век и дека служел како касарна за неговите војници, а Јастребов, пак, смета дека овој објект потекнува уште од времето на Јустинијан I, односно од VI век, поради применетата ѕидарска техника и начинот на изведувањето на конструктивниот систем. Постои и мислење според кое анот го изградиле дубровчани за своја колонија во Скопје и дека во него се наоѓале нивните работилници и магацини. Во турските извори тој се спомнува како задужбина на Мула Муследин Хоџа, син на Абдул Гани во 1550 година, кој бил научник на султан Селим II.
Куршумли ан, чиј поранешен назив не е познат, според својот внатрешен и надворешен изглед не се разликува од другите караван – сараи градени во тогашните исламски метрополи. Тој изгледа импозантно во пропорциите и впечатливо по декоративно градените ѕидови и со многуте куполи во форма на пирамиди, со благо извишени страни кои некогаш биле покриени со олово. Ѕидан е на византиски начин, со редење на камен и тули и со високо подигнати прозорци. Главниот влез низ кој се влегувало со коњи и колисе наоѓа најужната страна. Над него е издаден трем со куполест покрив.
Анот во својата основа е во облик на два поврзани квадрати. Првиот, централен дел, низ кој се влегува од главната порта, има голем двор со шедрван во средината. Лево и десно, во приземјето и на катот на анот има отворен трем, граден од масивниквадратни камени столбови, меѓусебно поврзани со полукружни лакови. Во приземјето некогаш се наоѓале складишта за стока.
Катот во концепцијата и конструкцијата е адекватен со приземјето. На него имало 29 соби за сместување и одмор на гостите. Собите се засводени, а во некои имало ѕидани огништа (камини). Вториот дел на анот некогаш бил коњушница, чиј какпацитет бил околу 100 коњи. Во овој дел се влегува низ првиот дел, а има и посебен влез од источната страна.
Куршумли ан во текот на своето постоење повеќе пати ја менувал својата функција. Во основа, тој претставувал објект со трговско, занаетчиски карактер, во кој биле примани карвани со трговска и занаетчиска стока. На неговите ѕидови се најдени потписи на некои дубровчани од XVII век. Како ан бил користен се до 1787 година, кога бил претворен во злогласен затвор. Повторно ја извршува функцијата на ан во периодот меѓу 1904 и 1912 година, а од пред Втората светска војна во него е сместен лапидариум от на Археолошкиот музеј.
За време на земјотресот од 1963 година Куршумли ан не претрпе тешки оштетувања, но наскоро беше целосно реставриран.
Амбиентот на Куршумли ан некогаш го надополнувале уште две градби: Казанџилер џамија и Ѓулчилер амам, со кои ја сочинувал третата исламска тројка во Чаршијата. Всушност, тој претставувал централен објект на оваа тројка.
Казанџилер џамија била изградена во XVII век од страна на казанџискиот еснаф во Чаршијата. Таа била скромна и не многу угледна градба. Денес таа не постои, бидејќи е речиси целосно урната.
Ѓулчилер (Шенгул) амам се наоѓал веднаш до југозападната страна на Куршумли ан. Тој бил единечен амам. Според податоците, тој бил подигнат од страна на Муследин хоџа во втората половина на XV век. Познат бил и под името “Кури амам” (“Сува бања”). Како амам служел се до катастрофалниот пожар во 1689 година. Овој објект речиси целосно беше разурнат за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година, така што денес од него се зачувани само остатоци од ѕидовите.
|
|
|
|
|