Виртуелна мапа на Старата чаршија
Старата чаршија
-фото галерија
Историјат
Знаменитости
Занаети
Музеј
на стара чаршија
Автори
 
 
 
 
 
Ќосе Кади џамија
   Се наоѓа во непосредна близина на Безистен. Овој објект има интересна архитектура: во долниот дел, односно во приземјето, се лоцирани поголем дел дуќани, а молитвениот простор, односно џамијата во вистинска смисла на зборот, се наоѓа на катот. Под џамијата минува улица, формирајчи своевиден пасаж, давајќи и живописност на Чаршијата.


    Објекти од ваков тип во Османлиската империја најмногу биле градени кон крајот на XVIII век и во текот на минатиот век. За датирањето на Ќосе Кади џамија не постојат податоци, но се претпоставува дека е изградена во XVIII век.

    Ќосе Кади џамија беше тешко оштетена во катастрофалниот земјотрес во 1963 година, но и пред тоа беше многу запуштена, служејќи подолго време како магацин.

    Во 1992 година, по иницијатива на чаршиските еснафи, започна нејзината темелна реконструкција врз основа на проектот изработен од страна на Архитектонскиот факултет во Скопје. Нејзината изградба ја финансираше Исламската верска заедница во Република Македонија. Џамијата беше отворена во 1996 година.
 
 
Погледнете и за...
Куршумли ан

Црква Свети Димитрија

Капан ан

Даут-пашин амам

Безистен

Скопска тврдина Кале

Камен мост

Исхак-бегова џамија

Црква Свети Спас

Мурат-пашина џамија

Саат кула

Султан-Муратова џамија

Мустафа-пашина џамија

Сули ан

Ќосе Кади џамија

Иса-бегова џамија

Чифте амам

Бит-пазар
 
Институт за Информатика
Центар за дигитализација на национално наследство
  Старата Скопска Чаршија - Мелем за душата...