 |
 |
|
 |
Старата чаршија -фото галерија |
|
|
 |
Историјат |
|
|
 |
Знаменитости |
|
|
 |
Занаети |
|
|
 |
 |
Музеј
на стара чаршија |
|
|
 |
Автори |
|
|
 |
| |
| |
| |
| |
|
|
|
 |
Во центарот на денешнава Стара скопска чаршија, обиколен од сите страни со дуќани, нанижани како гроздови на неговите монументални ѕидови, се наоѓа Капан ан - еден од најпознатите некогашни карван-сараи во Скопје, а денес монументален споменик на исламската профална архитектура и своевиден комплекс на дуќани, галерии, кафеани и деловни канцеларии.
Изграден е во втората половина на XV век и е еден од најстарите карван-сараи во Скопје. Негов градител е третиот краишки војвода на Скопје и познат турски војсководец Иса-бег, син на познатиот легатор Исхак-бег. За прв пат се споменува во вакуфнамата на Јахја-пашината џамија во 1506 година. Во првите векови од своето постоење Капан ан одиграл голема улога во развојот на трговскиот сообраќај, бидејќи бил ноќевалиште на трговци и патници дури и од најодалечени места.
И покрај тоа што е сличен на другите карван-сараи, овој објект се издвојува со својата монументалност, едноставност и убавина, како и со складните архитектонски форми. Граден е од делкани камени блокови и наизменични редови тули врзани со малтер.
Анот претставува правоаголна градба, однадвор целосно затворена, во голем квадратен двор во средината. Околу дворот се наоѓа се наоѓа портик со аркади од каде се влегувало во малите простории. Собите се наоѓале во низа, околу сите четири страни, како во приземјето, така и на катот. На катот од сите страни има дрвен трем на чии дрвени столбови е потпрена кровната конструкција. Во средината на дворот се наоѓа шадрван од камен. Во анот се влегува преку двата сводести влеза што се наоѓаат на северната и на јужната страна. Влезовите, на кои има дрвени врати, се наоѓаат под нивото на плоштатките што се наоѓаат пред нив, така што до нив се доаѓа преку степеници од мермер и гранит. Пред анот до неодамна се наоѓаше една од најпознатите јавни чешми во Старата чаршија - Капан чешма, која беше урната по Втората светска војна.
Капан ан настрадал во земјотресот во 1555 година и во големиот пожар во 1689 година, по што бил реконструиран на многу примитивен начин - со бондрук материјал и дрвена конструкција, така што од неговиот првобитен облик се зачувани само долните партии.
Овој објект тешко настрада и во катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога беше речиси целосно разурнат. Во 1974 година е целосно обновен и реконструиран.
|
|
|
|
|