Виртуелна мапа на Старата чаршија
Старата чаршија
-фото галерија
Историјат
Знаменитости
Занаети
Музеј
на стара чаршија
Автори
 
 
 
 
 
Исхак-бегова или Алаџа(Шарена) џамија
   Се наоѓа во непосредна близина на централното скопско пазариште Бит-пазар. Според зачуваните документи, овој исламски сакрален објект бил изграден во 1438 година, неполни две години по изградбата на Султан-Муратовата џамија. Нејзин ктитор е вториот скопски краишки војвода и еден од најголемите турски војсководачи Исхак-бег, несомнено, еден од најголемите градители на исламски јавни објекти од профан и сакрален карактер во Скопје.


   По својата архитектура и димензии оваа џамија е скромна градба, а името Алаџа (Шарена) го добила по инкрустрираните разнобојни керамички плочки, со кои биле украсени фасадата и тамбурот на џамијата. Овие плочки биле уништени за време на катастрофалниот пожар во 1689 година, кога џамијата претрпува огромни штети.

   Од натписот зачуван на порталот на џамијата дознаваме дека таа била преправена во 1519 година од страна на Мехмед, син на Хаџи Џинџи, внук на Исхак-бег, при што и биле додадени двата странични кораба.

   Џамијата има масивна дрвена врата на западната страна на која во плитка резба се изведени ориентални шари.

   Инаку, некогаш Алаџа џамија претставува вистински архитектонски копмплекс кој, покрај џамијата, го сочинувале конаци, имарет, медреса и турбе. Медресата, која "низ вековите била славена како една од најпознатите во Румелија" и во која живееле и предавале науки непознати учители, меѓу кои и најпознатиот средновековен турски поет Исак Челебија, имала десет соби (келии), а освен веронаука, во неа се изучувале и ориентални јазици, исламско право, филозофија и математика. Во рамките на комплексот Исхак-бег ја основал и првата позната библиотека (ќутубхане) во Скопје, која во 1445 година ја завештал на џамијата.
 
 
Погледнете и за...
Куршумли ан

Црква Свети Димитрија

Капан ан

Даут-пашин амам

Безистен

Скопска тврдина Кале

Камен мост

Исхак-бегова џамија

Црква Свети Спас

Мурат-пашина џамија

Саат кула

Султан-Муратова џамија

Мустафа-пашина џамија

Сули ан

Ќосе Кади џамија

Иса-бегова џамија

Чифте амам

Бит-пазар
 
Институт за Информатика
Центар за дигитализација на национално наследство
  Старата Скопска Чаршија - Мелем за душата...