Виртуелна мапа на Старата чаршија
Старата чаршија
-фото галерија
Историјат
Знаменитости
Занаети
Музеј
на стара чаршија
Автори
 
 
 
 
 
Иса-бегова џамија
   Се наоѓа во непосредна близинба на Бит-пазар, односно веднаш зад Поликлиниката "Бит-пазар".

    Изградена е во 1475 година во раноцариградски стил по примерот на познатата Махмут-пашина џамија во Истамбул. Нејзин ктитор е Иса-бег, син на Исхак-бег, основачот на Алаџа џамија. Според зачуваниот натпис, џамијата била изградена по смртта на Иса-бег, како негова задужбина.


    Овој објект е изграден од делкан бигор со хоризонтални редови на тули. Неговата фасада во горниот дел завршува со дворедни венци изведени во форма на цик-цак. Има лонгитудинална основа (19 метри) со две куполи покриени со олово, со што и се разликува од другите џамии. Подоцна на градбата од северната и јужната страна се доѕидани по две помали простории со што значително е намалена видливоста во нејзината внатрешност. Пред нејзиниот влез, како и кај повеќето други џамии, е изграден трем, кој е покриен со пет помали куполи и прекршени аркадни лакови. Минарето на џамијата е високо 34 метри.

    Во рамките на џамијата некогаш постоеле медреса и библиотека со повеќе од 320 разни ракописни книги. Според Глиша Елезовиќ, "како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност, оваа библиотека може да се вброи во редот на најголемите библиотеки на XV век".

    Иса-беговата џамија за време на земјотресот во 1963 година, како и повеќето други објекти, претрпе сериозни оштетувања - и беше урнато минарето, кое подоцна, како и целата џамија, беше реконструирано.
 
 
Погледнете и за...
Куршумли ан

Црква Свети Димитрија

Капан ан

Даут-пашин амам

Безистен

Скопска тврдина Кале

Камен мост

Исхак-бегова џамија

Црква Свети Спас

Мурат-пашина џамија

Саат кула

Султан-Муратова џамија

Мустафа-пашина џамија

Сули ан

Ќосе Кади џамија

Иса-бегова џамија

Чифте амам

Бит-пазар
 
Институт за Информатика
Центар за дигитализација на национално наследство
  Старата Скопска Чаршија - Мелем за душата...