 |
 |
|
 |
Старата чаршија -фото галерија |
|
|
 |
Историјат |
|
|
 |
Знаменитости |
|
|
 |
Занаети |
|
|
 |
 |
Музеј
на стара чаршија |
|
|
 |
Автори |
|
|
 |
| |
| |
| |
| |
|
|
|
 |
Црквата “Свети Великомаченик Димитриј” се наоѓа во непосредна близина на Камен мост, односно на самиот почеток на Старата скопска чаршија од нејзината јужна страна, и речиси под самото Кале.
Овој христијански православен храм, откако во периодот меѓу 1886 и 1896 година бил целосно реновиран и проширен, има посебна улога во историјата на Македонската православна црква. До неодамна, односно до изградбата на соборниот храм “Свети Климен Охридски”, тој беше соборен храм на Македноската православна црква. Покрај тоа, во неговата припрата се наоѓа гробот на првиот поглавар на обновената автокефална Македонска православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј, а пред неговиот надворешен источен ѕид гробот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј.
Над влезот на северната страна на црквата стои натпис на отворен свиток меѓу ангелски крилја од кој дознаваме дека “...ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ДИМИТРИЈ НА ОВА МЕСТО УШТЕ ВО 16 ВЕК ПО РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО БИЛ ПОДИГНАТ ХРАМ А ОВОЈ Е ИЗГРАДЕН И ОСВЕТЕН ВО 1896 ГОДИНА, СО ИЗРАБОТКА НА ИКОНОСТАС ОД ЗОГРАФОТ ДИМИТРИЈА АНДОНОВ ПАПРАДИШКИ”. Од натписот на излезот од јужната страна од внатрешноста на храмот, пак, дознаваме дека храмот бил оштетен од катастрофалниот земјотрес во 1963 година и дека бил обновен во 1965 година, а зографисувањето го извршил зографот Крсте Колоски од 1968 до 1973 година. До овој натпис, лево и десно, се насилкани Св. Вмч. Димитриј и Св. Петка.
Храмот “Св. Вмч. Димитриј” е тробродна црква со апсида. Ѕидан е со камен и малтер. Наосот е поделен со два реда столбови, лево и десно по три. Во внатрешноста на црквата има галерија, певница и владичи престол. Црквата е живописана на куполата, на која е претставен Седржителот Христос, како и на нејзините ѕидови. На западниот ѕид се изобразени “Оплакувањето на Христос” и “Успението на Богородица”. На галеријата над јужната врата е оформена композиција во полу калота на која е насликана сцената “Влегувањето во Ерусалим”, а централното место во втората зона на живописот на јужниот ѕид го зазема сцената “Вознесение Христивo”. Нејзин пандан на спротивната страна е сцената “Соборот на светителите”. Оваа сцена е на две нивоа; долу е претставена Богородица со светители апостоли, а горе “Ширнаја небес”.
Иконостасот на црквата “Св. Вмч. Димитриј” е на три нивоа и завршува со акротерија (крст). Неговите царски двери се со плитка резба и со позлата. На нив, во средината, е изобразена сцената “Благовестие”, а над нив се наоѓа иконата “Светиот убрус”. Во првиот ред на иконостасот се наоѓаат празничните икони на светителите: лево и десно се Богородица со Христос и Исус Христос. До Богородица е Св. Вмч. Димитриј, а до Исус Христос – Св. Јован Претеча. Потоа следуваат иконите на апостолот Петар, архиѓаконот Стефан и Св. Јован Римски. Централно место во вториот ред на иконостасот зазема “Тајната вечера”, а десно од неа е насликана “Молитвата од Гетсиманија”. На десната страна од третиот ред на иконостасот се наоѓа иконата со сцената “Вознесение Христово”, а на левата страна е “Вознесение на Богородица”.
Што се однесува до стилот и уметничката вредност на зографската реализација во храмот “Св. Вмч. Димитриј”, тие се со скромен дострел, а зографот “во рамките на своите можности, се трудел во однос на сликарската постапка да ја следи поствизантиската традиција на живописувањето”. Меѓутоа, голема вредност имаат иконите во параклисот на излезот од црквата, посебно иконата на Св. Вмч. Димитриј и иконите на пророците, подарени уште во 1785 година, како и иконата на Св. Мајка Богородица, која се наоѓа во обновената крстилница.
Во рамите на храмот “Св. Вмч. Димитриј” се наоѓаат камбанарија, дел од некогашната капела – крстилница, која всушност претставува мала црква, како и службените просотрии на храмот.
Што се однесува до историјата на овој православен храм, таа и натаму останува тајна, поради уништувањето на стариот живопис за време на реновирањето на црквата во минатиот век и постојните поправки, доградби и новоградби, предизвикани како од природните катастрофи така и од воените и политичките збиднувања низ вековите. Но, и покрај тоа, сепак, речиси со сигурност може да се потврди нејзиното контирнуирано постоење од XIII век. Пратеникот на византискиот двор Теодор Матохит во 1299 година за оваа црква ќе го запише следново: “Под градската тврдина има и предградие со најубава соборна црква што ја видов во овие краишта”, а патописецот Ами Буе, неколку векови подоцна, односно во периодот меѓу 1836 и 1838 година ќе запише: “Православните христијани имаат нова и голема црква (се мисли на “Св. Богородица”), и други две помали и постари, од кои едната е посветена на маченикот Димитрија”. “Св. Вмч. Димитриј” во почетокот на XVIII век се спомнува како катедрална црква, а во минатиот век во неа била сместена Скопската митрополија. Покрај тоа, постојат податоци според кои до 1878 година во нејзиниот двор имало гробишта, како и дека во периодот меѓу двете светски војни капелата била користена како костурница, која за време на санацијата на црквата во 1951 година, била отстранета.
|
|
|
|
|