Виртуелна мапа на Старата чаршија
Старата чаршија
-фото галерија
Историјат
Знаменитости
Занаети
Музеј
на стара чаршија
Автори
 
 
 
 
 
Чифте амам
   Овој, некогаш втор по големина амам во Скопје, се наоѓа во центарот на Старата чаршија, поточно на просторот меѓу Мурат – пашина џамија и Сули ан. Со овие два објекта ја сочинува денес единствената постојна исламска тројка на просторот на Чаршијата и во Скопје воопшто. Всушност, Чифте амам е централниот објект на оваа тројка.


   Изграден во втората половина на XV век, како задужбина на Иса – бег, третиот по ред скопски краишки војвода и еден од најголемите градители на исламски јавни профани и сакрални објекти во градот. За првпат се спомнува во вакуфнамата на Иса – бегова џамија во 1531 година.

   Овој објект претставува редик примерок на Балканскиот Полуостров со вонредна архитектонска вредност. Се состои од два речиси идентични дела со изолирани делови – машки и женски, поради што и го добил името чифте, односно двоен амам. Тој во архитектонска интерпретација претставува монолитна градба, при чија што изградба е водена максимална сметка за функционалното единство и за надворешното обликување. Граден е во сличен стил како и другите исламски јавни градби – од камен, тули и малтер. Има две големи и повеќе помали куполи, поставени врз ниски тамбури, што ги засводуваат неговите многубројни простории. Бројот на куполите, кои се во ентериерот пластично декорирани со вонредна техничка изведба, е адекватен на функционалните потреби на основата. Тие ја потенцираат импозантноста на објектот и му даваат китнест изглед, и покрај строгоста на високите и беспрекорно подигнати ѕидови.

   И овој објект, како и повеќето други во Чаршијата, беше тешко оштетен за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Подоцна беше реставриран, а денес е уметничка галерија. Тој денес, речиси, е целосно скриен од мноштвото дуќани што се прилепени на неговите монолитни ѕидови, така што неговите вонредни архитектонски вредности не можат да дојдат до полн израз.
 
 
Погледнете и за...
Куршумли ан

Црква Свети Димитрија

Капан ан

Даут-пашин амам

Безистен

Скопска тврдина Кале

Камен мост

Исхак-бегова џамија

Црква Свети Спас

Мурат-пашина џамија

Саат кула

Султан-Муратова џамија

Мустафа-пашина џамија

Сули ан

Ќосе Кади џамија

Иса-бегова џамија

Чифте амам

Бит-пазар
 
Институт за Информатика
Центар за дигитализација на национално наследство
  Старата Скопска Чаршија - Мелем за душата...