Виртуелна мапа на Старата чаршија
Старата чаршија
-фото галерија
Историјат
Знаменитости
Занаети
Музеј
на стара чаршија
Автори
 
 
 
 
 
Музеј на Старата скопска чаршија

Археолошка поставка

[ повеќе... ]


Историска поставка

[ повеќе... ]


Поставка од уметнички дела

[ повеќе... ]


Етнолошка поставка

[ повеќе... ]

За Музејот

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година кога Чаршијата беше значително оштетена, во периодот од 1965 до 1975 година беа извршени обемни работи на реконструкцијата на целиот комплекс на Старата скопска чаршија.

    Практично таа, со сите зафати кои беа превземени се обнови и реконструира и го доби своето место во нараснатиот град, не само како културно историски споменик, туку, пред се како комплекс од големо економско и туристичко значење за градот Скопје.

    При крајот на завршувањето на работите на реконструкцијата на Чаршијата, од Одборот за Старата скопска чаршија, формиран во 1986 година, покрената е иницијатива за основање на Музеј на Старата скопска чаршија како израз на свеста за вредностите на овој урбан комплекс.

    Музејот на Старата скопска чаршија, формиран како депанданс на Музејот на град Скопје, сместен е во споменикот на културата Сули ан, објект подигнат во првата половина на XV век од Исхак бег, целосно реконструиран во 1967 година. Се наоѓа помеѓу улиците Белградска и Битпазарска, двете најфреквентни комуникациии во чаршијата и со своите два влеза претставува логична комуникација помеѓу нив.

    Задачата на овој Музеј е да врши комплексна музејска дејност, односно да врши планска и систематска научноистражувачка и прибирачка работа, обработка на музејските збирки и создавања на информативен апарат за тие збирки, заштита и чување на музејски предмети, презентација на збирките преку постојани и повремени изложби и публикации.

    Вкупната површина на објектот Сули ан изнесува окулу 2500 м2. Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во 473 м2 од кои 355 м2 изложбен простор, а остатокот се пратечки простории.

    Поставката на Музејот, отворена во мај 1983 година, се состои од повеќе области.

   Значајно е да одбележиме дека презентираниот материјал е само мал дел од фондот на музејски експонати со кои располага Музејот на град Скопје, но поради ограничениот изложбен простор концепцијата на Музејот на Старата скопска чаршија не бил во можност целосно да се реализира. И покрај напорите вложени од кустосите на Музејот очигледни се скоковите во континуитетот на презентирање на историскиот и етнолошкоит материјал.
 
 
Погледнете и за...
Археолошка поставка

Историска поставка

Поставка од
уметнички дела


Етнолошка поставка
 
Институт за Информатика
Центар за дигитализација на национално наследство
  Старата Скопска Чаршија - Мелем за душата...