Спомен костурницата симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци. Во неа се сместени посмртните остатоци на загинатите борци, жртви на фашистичкиот терор во периодот од 1941-1945 година, кои се наоѓале во непосредна близина на Кавадарци. Во нејзината внатрешност на гранитни плочи се испишани нивните имињата. Спомен костурницата е изработена од бетон. Откриена е на 7ми септември 1976 година. Таа е дело на професорот на Архитектонскиот факултет-Скопје, г-дин Петер Муличковски.